Завршена заложничката криза во Франција, нема никаква врска со тероризам

Заврши заложничката криза на северот од Франција, која немаше никаква врска со терористичките напади во Париз, и сите тројца заложници се на безбедно, јавија светските агенции.

Државниот обвинител од Лил, Фредерик Февр, изјави дека во инцидентот во градот Рубе, на самата граница со Белгија, еден грабнувач е убиен, а еден е фатен, додека останатите се во бегство и по нив е организирана потрага.



Првичниот план на криминалците бил да го грабнат директорот на локалната филијала на една банка и да го присилат да им го отвори сефот.

Напаѓачите, меѓутоа, биле изненадени од полицијата и притоа дошло до размена на оган. Директорот на банката успеал да побегне, па криминалците влегле во неговата куќа и за заложници ги зеле неговата сопруга, ќерка и 11-годишно дете, рече Февр.

По неколку часа, полицијата упаднала во куќата, ги ослободила заложниците, убила еден од напаѓачите, а вториот го уапсила во задниот двор од имотот.

Останатите членови на групата побегнале, вели Февр, кој не можел да го прецизира нивниот број.

-Станува збор за криминална операција, која не е поврзана со тероризмот, истакна Февр.



Од 13 ноември, по нападите во Париз во кои погинаа 130 лица, во цела Франција е воведено високо ниво на подготвеност од терористички напади, така што настаните, како овој во Рубе, добиваат поголемо значење од обично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...