Бомбардирањето на ИД во Сирија е во британски национален интерес

Лондон, 26 ноември 2015 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека акцијата во Сирија и учеството на британското воено воздухопловство (РАФ) во бомбардирањето на позициите на џихадистите на ИД е во национален интерес на Британија.

Во излагање пред пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, Камерон ги отфрли тврдењата на противниците на ваквата акција, дека со вклучувањето на РАФ на сирискиот фронт, земјата ќе се претвори во поголема и поопасна цел за терористички напади од припадниците на ИД.

„Британија е веќе цел на терористите за напади врз нашата територија„ - рече британскиот премиер, инсистирајќи дека едиствениот начин да се спречат терористичките напади е преземањето акција против ИД и нејзините позиции.

Во својата елаборација на актуеланата состојба, Камерон рече дека Британија не би смеело да ја одделува својата безбедност од безбедноста на нејзините сојузници и дека сега е моментот Лондон да застане покрај Франција.

Повторното барање на владата, Парламентот да одобри британско учество во воздушните напади врз џихадистичките позиции во Сирија на меѓународната коалиција, предводена од САД, доаѓа две недели по терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130 лица.

Парламентот во Лондон, во 2013 година го отфрли барањето на владата на Камерон за воена интервенција во Сирија, налик на онаа во Либија, во 2011 година, но минатата година прифати учество на британските авиони во бомбардирање на џихадистите на територијата на Ирак.

Пред нападите во Париз, а по вклучувањето на Русија во нападите во Сирија, Камерон одбиваше да го покрене одново случајот за британското учество настојувајќи да обезбеди доволно поддршка меѓу пратениците, за да не доживее уште еден пораз при гласањето.

Гласањето за сегашното барање на владата, е предвидено во наредните неколку недели.

Британската Комисија за надворешни работи, претходно, заклучи дека не би требало да има меѓународна интервенција , без една сеопфатна меѓународна стратегија за борбата со ИД и за завршувањето на војната во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...