Турски новинари обвинети за шпионажа затоа што откриле дека се праќа оружје за ИД

Главниот уредник на турскиот весник „Џумхуриет“ Кан Дундар и дописникот на весникот од Анкара, Ердем Гул, се обвинети за шпионажа и за поврзаност со Движењето на Фетулах Гулен.

Двајцата обвинети новинари ги отфрлаат обвинувањата, но доколку на судњето бидат прогласени за виновни, ќе се соочат со казна доживотен затвор.Дундар и Гул се обвинуваат затоа што објавиле напис во „Џумхуриет„ во кој се открива дека со камиони на турската разузнавачка агенција МИТ, тајно се префрла оружје и муниција за џихадистите на Исламска држава (ИД) во Сирија.

Во камионите, кои биле запрени од турската погранична служба, на границата со Сирија, во официјалната царинска декларација било запишано дека се пренесува „хуманитарна помош„ за сириското население.



Покрај написот, весникот објави и видео снимка од откривањето на сокриеното оружје.

На снимката се гледа како турските полицајци ги запираат камионите, со кои патувале и оперативци на МИТ, а потоа како во кутиите со „хуманитарна помош„ го откриваат сокриено оружје.

Отритието на „Џумхуриет“ и снимените видео материјали, предизвикаа политичка бура во Турција, а во странските медиуми тоа беше повод да се отвори прашањето за турската вмешаност во сирискиот конфликт и во соборувањето на претседателот Башар ал Асад.

Еден од камионите бил задржан од полицијата, но другите, под притисок на оперативците на МИТ, продолжиле понатаму и влегле во Сирија.

Владата во Анкара ги демантираше тврдењата дека соработува со ИД, а властите ги казнија и ги сменија сите службени лица кои ја провалија аферата.

Подоцна властите тврдеа дека оружјето било за милициите и групите на Туркмените, кои се турска етничка група во Сирија кои војуваат против силите бна Асад, но кои не се џихадисти и дел од ИД.



Претседателот Таип Ердоган кој во време на скандалот беше премиер, покрена лична тужба против весникот за „клевета“.

Обвинувањето за шпионажа на главниот уредник на еден од водечките турски весници и на уште еден новинар, предизвака остра реакција на организацијата „Репортери без граници“ во која се потсетува дека турските власти се изложени на силен притисок, поради непочитувањето на слободата на медиумите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...