Инциденти во бегалски камп во Берлин

Берлин, 29 ноември 2015 (МИА) - Најмалку четири лица се уапсени во судирите меѓу полицијата и бегалците кои избувнаа денеска попладне во бегалски центар во глвниот град на Германија.

Инцидентот започнал во ред за дистрибуција за храна на поранешниот аеродром во Темпехлоф кое што сега служи како прифатилиште за бегалци. Околу 500 бегалци морале да избегаат од сместувалиштето поради страв и паника.

Според берлинската полиција се работи за трет инцидент во Берлин за помалку од 24 часа часа во кој се инволвирани мигранти. Претходно дошло до жестока тепачка меѓу бегалци од различна националност во берлинската населба Шпандау каде што мигрантите во пресметката користеле и апарати за гаснење пожар. Во овој инцидент се повредени неколку лица, направена е и голема материјална штета но никој не е во животна опасност.

Третиот инцидент се случил во населбата Кројцберг каде што 18 годишник со ремен нападнал една година помлад бегалец.

Во друг инцидент во источната покраина Саксонија - Аншталт ноќеска дошло до тепачка меѓу сириски бегалци во која се повредени пет лица.

Вакви и слични инциденти зачестија со зголемиот број на бегалци кој што пристугнува во Германија оваа година. Во земјата во 2015 година ќе пристигнат вкупно еден милион мигранти а досега се забележани околу 600 инциденти во кои учествувале или жртви биле бегалци.

Германските власти предходно го одбија барањето на полицискиот синдикат кој побара бегалците да биде поделени според религијата и земјата на потекло за да се намали можноста од конфликти межу нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...