Германија и Франција подготвени да прифтат учество на сириската армија во борбата против ИД

Берлин, 30 ноември 2015 (МИА) - Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен изрази подготвеност да прифати учество на сириските владини сили во меѓународната борба против групата Исламска држава (ИД).

- Во Сирија има армија, која целосно може да се искористи, како што се случи во Ирак, каде успешно беа обучени локалните сили, истакна Лајен.

Таа истовремено потенцира дека нема да има иднина за Сирија додека претседателот Башар ал Асад е на власт.

Според францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, соработката со сириската армија во борба против ИД е дозволена само доколку Асад си замине од власт.

-Ако дојде до политичка транзиција и сириската војска повеќе не е раководена од Асад, тогаш може да се преземат заеднички дејствија против тероризмот. Но, се додека тој е на власт тоа нема да биде можно, нагласи Фабиус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...