Москва: Соборувањето на авионот ги усложнува разговорите за Сирија

Москва, 1 декември 2015 (МИА) - Соборувањето од страна на Турција на рускиот авион во близина на границата со Сирија минатата недела, ги усложнува мировните преговори за Сирија, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Зaхарова изјави дека инцидентот не само што ги оптовари претходно блиските врски меѓу Русија и Турција, туку и „ги отежнал разговорите во Виена“.

Инцидентот ја направи Москва поодлучна да ги убеди другите учесници да се согласат за листата на „терористичките групи“ во Сирија, пред наредната рунда преговори, кажа Захарова, и додаде дека без тоа, заедничка акција во Сирија, не е возможна.

Захарова истакна дека Москва не размислува за временскиот рок до кога треба да се постигне договор.

Турција на 24 ноември, на границата со Сирија собори руски бомбардер Су-24, бидејќи како што тврди го нарушил нејзиниот воздушен простор, што е првпат во половина век една членка на НАТО да собори некој руски авион, што наиде на остра реакција од Москва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...