Деветмина загинати во железничка несреќа во Германија

Берлин, 9 февруари 2016 (МИА) - Девет лица загинаа, а над 150 се олесно или потешко повредени денеска во судир на два патнички воза во германската покраина Баварија, јави допсиникот на МИА од Берлин.



Триесетина од повредените со во критична состојба, поради што во Минхен се организира доброволна акција за дарување на крв за повредените.

Првичната истрага за судирот што се случил рано изутрина околу седум часот во близина на местото Бад Ајблинг на железничката линија што ги поврзува градовите Розенхајм и Холцкирхен, се уште не ги утврдила причините за инцидентот.



Возовите се судриле на дел од маршрутата каде што максимална брзина на движење е 120 километри на час.

Меѓу загинатите е главниот машиновозач на еден од возовите, кои при судирот излетале од шините, а истражителите се уште не можат да го најдат телото на вториот машиновозач за кого исто така се претпоставува дека е загинат.


Според снимките, што ги пренесуваат германските медиуми првите вагони од двата воза се речиси целосно уништени. Судирот се случил на место каде што железничката пруга од едната страна има река, а од другата густа шума поради што операцијата за спасување во која што се користат десетина хеликоптери се врши во отежнати услови.



 


 



 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...