Земан потврди дека е даден откуп за двете Чехинки киднапирани пред две години

Прага, 10 февруари 2016 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан потврди дека државата платила околу шест милиони долари за двете Чехинки, Антониа Храстецка и Хана Хумпалова кои беа ослободени летоска по речиси две години заложништво во Пакистан од вооружени сили на Ал Каеда. 

- Колку што знам, сумата е 150 милиони круни, но зависи според кој курс тоа ќе го сметате, што секако не е од суштинско значење, изјави Земан на прашањето дали навистина државата платила откупнина.

Претходно, ниту еден од владините политичари не сакаше да ја потврди информацијата која ја објави неделникот ,,Респект", јави дописникот на МИА од Прага.

Официјалните изјави по киднапирањето беа дека со терористи Чешка не преговара.

Според Земан, одлуката за плаќање на откупнина била голема дилема.

- Претставете си да не платевме, а девојките да ги убиеја. Или, што е подобра варијанта, ќе останеа во харем на некој од киднаперите, додаде Земан, објаснувајќи дека ниедна земја не сака да го ризикува животот на своите граѓани.

На ова реагираше најголемата опозициска партија, Граѓанската демократска партија (ОДС), чии претставници деновиве од премиерот побараа да излезе со официјално објаснување заради последните случувања, со ослободувањето на Либанецот Ал Фајад. Поради сомневање за тероризам, тој требаше да биде екстрадиран во САД, но беше „заменет" за петмината Чеси кои беа киднапирани во Либан минатата година.

Според претседателот на ОДС, Петр Фиала, чешките политичари се однесуваат неодговорно и ги ризикуваат животите на своите граѓани.

Соботка, на Твитер објави дека ,,политичарите треба да ги решаваат проблемите, а не да ги коментираат на начин, кој во областа на националната безбедност никому не му помага".

Поради информациите кои излегоа во јавноста, а кои се дел од безбедносните служби, минатата недела заседаваше и чешкиот Парламент, по предлог на опозицијатата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...