Париз, 12 февруари 2016 (МИА) – Францускиот премиер Мануел Валс оцени дека копнена офанзива на локални трупи и арапски држави би била одлучувачка за пораз на ИД.
– Воените операции во Ирак и во Сирија денес ги води коалиција од повеќе држави кои обучуваат локални трупи и ги советуваат. Копнена офанзива на тие трупи како и од некои арапски држави, ако сакаат, би била одлучувачка во борбата против ИД, макар да би се задржала контрола врз повторно освоени зони, изјави тој за германската медиумска група Функе.
– Франција нема намера да испраќа копнени трупи во борбата против ИД, додава тој.