Постигнат договор за останување на Велика Британија во ЕУ

Брисел, 20 февруари 2016 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск соопшти дека договорот за останување на Велика Британија во ЕУ добил едногласна поддршка од лидерите на 28-те членки на Унијата.

- Договорено е. Едногласна поддршка за новиот договор за Британија во ЕУ, напиша Туск синоќа на Твитер.



Британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека договорот и овозможува на Британија специјален статус во ЕУ и денеска ќе побара од неговата Влада да го прифати.

Договорот предвидува два клучни елемента, кои ќе бидат вметнати во идните договори на ЕУ: специјално изземање на Британија од натамошна политичка интеграција внатре во Унијата и обезбедување фер третман во врска со финансиските и економските ангажмани меѓу земјите од еврозоната и членките на ЕУ, кои се надвор од неа.

Освен тоа, Британија ќе има право на работниците кои ќе дојдат да работат во оваа земја да им ги одземе во првите четири години социјалната помош и бенифициите, додека сами не придонесат за финансирање на системот.

Туск оцени дека станува збор за избалансиран и фер компромис, кој сите можат да го прифатат.

- Европските лидери се договорија за праведен компромис со британскиот премиер, благодарение на кој тој ќе може да агитира во својата земја за останување на велика Британија во Унијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа нагласи дека членството во ЕУ претставува огромна вредност, особено во време на турбуленции и небезбедност во светот, посакувајќи му успешна кампања на Камерон во следните месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...