Триесет и шест лица загинаа во експлозиите во рускиот рудник

Москва, 28 февруари 2016 (МИА) - Триесет и шест лица загинаа во експлозиите на метан во рудникот за јаглен „Севернаја“ во руската република Коми.

Компанијата оператор на рудникот соопшти дека спасувачките операции се прекинати и кон бројот на загинатите ги додаде и 26-те рудари, кои се сметаат за исчезнати од четвртокот досега.

Несреќата во рудникот покрај Воркута, на повеќе од сто километри северно од поларниот круг, е несреќен случај со најмногу жртви во Русија изминатите години. 

Четири лица загинаа во четвртокот во првите две експлозии, а беше соопштено за 26 заробени рудари. Во рудникот вчера имаше нова експлозија и во неа загинаа шест лица. 

Според техничкиот експертски совет, 26-те исчезнати, кои се наоѓале во рудникот за време на експлозијата немале никаква шанса за преживување, пишува во соопштението Татјана Бушкова, портпарол на компанијата „Воркутаугол“.

 

- Спасувачките операции беа прекинати, додаде таа. 

Вкупно 110 лица се наоѓаа во рудникот за време на несреќата во четвртокот, кога на длабочина од 748 метри експлодира метан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...