Путин го именува Рамзан Кадиров за в.д. претседател на Чеченија

Москва, 25 март 2016 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за именување на Рамзан Кадиров за вршител на должност претседател на Чеченска Република.

- На петти април истекува рокот на овластувањето. Имајќи го предвид направеното во последните години за Чеченците, за жителите на Републиката пред се, а оттаму и за цела Русија, денеска со потпишаниот указ ве назначуван за вршител на должност претседател на Чеченска Република и се надевам дека ќе учествувате на изборите во септември, посочи Путин.

Тој апелираше до раководството на Чеченија да посвети поголемо внимание на почитување на законите на Руската Федерација.

- Потребна е потесна координација и работа со федералните органи на власата за безбедносните прашања. И вие и идните раководители на Републиката треба се да направите за почитување на руските закони во сите сфери на животот, потенцирам во сите сфери, наведе Путин.

Тој додаде дека „Чеченија станала побезопасно место за граѓанините, за жителите на Чеченија, можеби дури побезопасна од другите места на картата на Русија, во голема мерка благодарение на напорите на Кадиров“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...