Еврокомисијата се заканува со санкции кон „даночните оази“

Брисел, 8 април 2016 (МИА) - Еврокомесарот за финансиски прашања Пјер Московиси синоќа се закани со воведување санкции кон Панама и останати земји познати како „даночни оази“, доколку не соработуваат со ЕУ во борбата против затајувањето даноци и перењето пари.

Осврнувајќи се на скандалот „Панамски документи“, Московиси нагласи дека се шокирачки податоците за количеството на пари, надлежностите и имињата поврзани со оваа афера.

- На луѓето им е преку глава од ваквиот безобразлук, изјави Московиси, додавајќи дека државите кои овозможуваат постоење сомнителни банкарски сметки, преку кои се избегнува плаѓање данок, каква што е и Панама, треба да сносат одговорност поради тоа. 

Тој посочи дека Панама е на листата на држави кои одбиваат соработка со ЕУ за прашања поврзани со затајувањето на даноците, додавајќи дека земјата треба да ја преиспита ваквата своја позиција. 

- ЕУ треба да биде подготвена да воведе санкции кон оние, кои ќе одбијат да го порменат своето однесување, нагласи Московоси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...