Германија ќе ја легализира марихуаната во медицински цели

Берлин, 4 мај 2016 (МИА) - Од наредната година канабисот ќе биде легализиран ако се користи за медицински цели, најавува германското Министерство за здравство.

- Наша цел е сериозно болните пациенти да се третираат на најдобар можен начин, изјави министерот Херман Грехе кој што денеска го претстави предлог законот пред германската Влада.

 

Грехе признава дека канабисот не е „неофанзивна“ супстанца и потенцира дека пациентите до него ќе можат да дојдат само со рецепт препишан од лекар. Според предлог законот Германија ќе увезува медицинска марихуана се додека не бидат отворени надгледувани плантажи на билката во земјата.

- Не би сакал да вршам притисок на работата на Бундестагот но најверојатно законот ќе влезе во сила на есен во 2017 година, изјави Грехе за весникот „Ди Велт“. 

Предходно голем број други земји ги променија законите со цел да се овозможи користење на марихуаната во третирање на рак, глауком, СИДА, хепатит Ц, Паркинсон и други сериозни заболувања.

Противниците на користењето на марихуаната за медицински цели сметаат дека со овој чекор се создаваат услови за злоупотреба и зголемување на зависноста од други потешки дроги. Во моментов трговија со марихуана се смета за кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...