Киев му забрани влез на Михаил Горбачов во Украина

Киев, 26 мај 2016 (МИА) - Владата на Украина донесе одлука да му забрани влез на украинска територија на последниот советски лидер Михаил Горбачов во период од пет години, поради неговата јавна поддршка на руската анексија на Крим, јави ДПА. 

- Забраната е воведена во интерес на националната безбедност, поради јавната поддршка на воената анексија на Крим, објави портпаролката на украинската безбедносна служба Олена Хитљанска на својот профил на Фејсбук.  

Забраната за влез на 85-годишниот Горбачов во Украина следи по неговото интервју за британскиот весник „Сандеј Тајмс“ во кое тој вели дека во случајот со Крим ќе постапел на ист начин како и рускиот претседател Владимир Путин, доколку би се нашол во таква ситуација.

- Јас секогаш ја почитувам слободната волја на луѓето, а мнозинството жители на Крим сакаа да се обединат со Русија, изјави Горбачов во интервјуто.

Русија го окупира и анектира полуостровот Крим во 2014 година, по смената на проруски ориентираниот украински претседател Виктор Јанукович и доаѓањето на власт во Киев на прозападни политичари.

Пред анексијата, Русија организираше референдум на Крим, на кој според официјалните резултати, мнозинството жители на полуосторвот се изјасниле за припојување кон Руската Федерација. Меѓутоа, Украина и западните земји овој референдум го оценија како незаконски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...