Оланд: Ќе продолжам со реформите во областа на трудот

Токио, 27 мај 2016 (МИА) - И покрај штрајковите кои ја парализираа земјата францускиот претседател Франсоа Оланд денеска порача дека ќе продолжи со непопуларните реформи во областа на трудот, јавуваат франуските медиуми.

- Ќе продолжам, затоа што сметам дека се тоа добри реформи, рече Оланд пред новинарите на маргините на самитот на Г-7 во Јапонија, додавајќи дека неговата влада ќе обезбеди „слобода на движење“ за граѓаните кои имаат тешкотии заради штрајковите во железницата и блокадата на снабдувањето со гориво.

Француските синдикати денеска ги повикаа работниците да продолжат и да ги засилат протестите, во момент кога бранот штрајкови заради спорните измени во Законот за работа го наруши сообраќајот и снабдувањето со гориво ширум земјата.

Синдикатите издадоа заедничко соопштение во кое своите членови ги повикуваат да го зголемат обемот и да ги поддржат протестите во индустрискиот сектор, за со тоа да го засилат притисокот врз социјалистичката Влада на Оланд.

Во Париз и другите француски градови вчера избија немири во текот на демонстрациите против планираните реформи на Законот за труд, а полицијата одговори со  солзавец и приведувања.

Францускиот премиер, Мануел Валс, вчера изјави дека спорните реформи во доменот на работата нема да бидат повлечени, но дека се можни измени на овие реформи „на подобро“, иако не прецизираше во што би се состоеле тие евентуални измени.

Реформите, или нов закон за работни односи што предвидува продолжување на сегашната 35-часовна работна недела и полесно отпуштање на вработените, веќе со недели предизвикуваат протести и бран штрајкови во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...