Камерон: Не сум таен приврзаник на Брексит

Лондон, 27 мај 2016 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон ги отфрли како неточни тврдењата дека тој е поблиску до идејата за Брексит, отколку што е „запален Европеец“.

- Не сум поблиску до ништо. Се уште ги имам истите погледи за ЕУ, како и кога влегував во активната политика, изјави Камерон, инсистирајќи дека тој никогаш не бил близок до кампањата за напуштање на ЕУ.

- Она за што се застапувам е да се постигне вистинскиот резултат, што значи да се обезбеди реформирање на Унијата (Лондон веќе обезбеди специјален статус за себе), како и Велика Британија да остане во ЕУ, затоа што тоа претставува национален интерес на земјата, рече Камерон, додавајќи и дека на Самитот на Групата на најразвиени земји (Г-7), што се одржа во Исе Шима во Јапонија, се расправало за евентуалниот излез на Велика Британија од ЕУ.

Околу можноста Британците да излезат од ЕУ во заедничкото соопштение на САД, Германија, Франција, Италија, Јапонија, Канада и Велика Британија, се вели дека Брексит претставува глобална закана, поради потенцијалното назадување во настојувањето за зголемување на светската трговија, инвестициите и создавањето нови работни места, што потоа би можело да претставува ризик за глобалниот економски раст.

- Кога се соочувате со тешка одлука, добра работа е да слушнете што за тоа мислат вашите пријатели, изјави Камерон, коментирајќи го заколучокот на Г-7.

Дилемите околу тоа дали Камерон е „скришно определен за Брексит“ околу рефередумското изјаснување на 23 јуни, ја покрена еден негов поранешен советник, кој за лондонски „Тајмс“ изиави дека доколку не би бил премиер, тој во срцето би бил за заминување од ЕУ.

Неговиот поранешен сојузник и пријател, а сега политички противник Борис Џонсон по тоа му порача на Камерон дека „не е доцна да смени страна“ и да и се приклучи на кампањата за Брексит што ја предводи Џонсон.

Камерон на ова возврати дека Џонсон, со кого се познава и е заедно уште од студентските денови, никогаш порано не бил за напуштање на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...