Нови сексуални напади врз жени во Германија, уапсени тројца бегалци

Берлин, 31 мај 2016 (МИА) - За време на музичкиот фестивал што викендот се одржал во германскиот град Дармштад 18 жени пријавиле дека биле сексуално нападнати. Тројца бегалци од Пакистан се уапсени веднаш откако жените ги пријавиле нападите. Тие тврдат дека слично на новогодишните напади во Келн биле заобиколени и потоа сексуално вознемирувани и допирани од страна на луѓе кои што имаат потекло од Јужба Азија.



„За жал неколку жени биле сексуално вознемирувани во Сабот, кога подиумот за танцување на фестивалот бил преполн со луѓе“, вели полицијата во изјава која што ја пренесуваат германските медиуми.

По брзата интервенција на полицијата биле уапсени тројца пакистански азиланти на возраст од 28 до 31 година, но полицијата се сомнева дека напаѓачите биле побројни. По апсењата уште 15 други жени пријавиле дека биле цел на сексуален напад за време на фестивалот. Сите напади се одвивале по веќе познатата формула, жените најпрвин се обиколуваат од група мажи по што сексуално се вознемираат.

Инцидентите во Дармштад се случуваат две недели откако во Берлин за време на уличен фестивал група од 10 луѓе сексуално нападнале две тинејџерки. Полицијата тогаш уапси тројца малолетници од кои двајца се Турци на возраст од 14 до 17 години кои и предходно и биле познати на полицијата.

Германската полиција беше остро критикувана за лоша реакција при новогодишните напади на жени во Келн и други германски градови кога над 1000 жени беа сексуално нападнати а инцидентите станаа дел од политичката дебата во која што крајната десница се обидува да прикаже дека приливот на бегалци е причина за зголеменото ниво на криминал во Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...