Доналд Туск: Разделбата меѓу ЕУ и Британија ќе трае најмалку 7 години

Брисел, 13 јуни 2016 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека ќе бидат потребни најмалку седум години за да се спроведе процесот на раздвојувањето на ЕУ со Велика Британија доколку на референдумот од 23 јуни, мнозинстото Британци се определат за Брегзит.

- Најлесно ќе биде раскинувањето на договорите меѓу Британија и ЕУ, за што веројатно ќе бидат доволни две години, изјави Туск во разговор за германските медиуми.

Според него, проблем во ваквиот процес, што е непознат за Брисел, затоа што никој досега не ја напуштил Унијата, ќе биде воспоставувањето на новите односи на ЕУ со сега „отцепената“ Британија и со секоја од преостанатите 27 земји- членки поединечно.

Туск смета дека овој процес би можел да трае најмалку пет години и забележува дека не е воопшто сигурно оти на крајот тој ќе биде успешен.

Изјавата на Туск доаѓа по предупредувањето на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле дека на Британија, во случај на Брегзит, нема да и биде дозволен пристап до заедничкиот европски пазар, како што тоа сега го имаат Норвешка, или Швајцарија.

Шојбле им порача на оние кои водат кампања за излез од ЕУ, дека гласањето против членството во ЕУ, значи и гласање против заедничкиот европски пазар, па затоа не може да функционира идејата на Лондон дека по Брегзит членството ќе биде заменето со слободен пристап на единствениот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...