СЕ СМЕНИ ИДНИНАТА НА БРИТАНИЈА

Британците се изјаснија за напуштање на ЕУ

Лондон, 24 јуни 2016 (МИА) - Мнозинството Британци на вчерашниот референдум се изјаснија за истапување на Велика Британија од ЕУ, соопшти претпладнево британската Изборна комисија.


Сина боја - ЗА; жолта боја - ПРОТИВ; бела боја - наизјаснати

Како што јави Би-Би-Си, според резултатите од преброените гласови од сите избирачки окрузи, 17.410.742 избирачи или 51,9 отсто се изјасниле за излез на Велика Британија од ЕУ, додека 16.151.241 или 48,1 проценти гласале за останување на земјата во Унијата.

Одѕивот на референдумот бил 71,8 отсто, што претставува највисока излезност на некое гласање во Велика Британија од парламентарните избори во 1992 година.

Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ, додека за разлила од нив, жителите на Англија и Велс се изјаснија за Брекзит.

Неименуван помошник во кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека по ваквата референдумска одлука, Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“.



- Ние сега сме на непозната територија. Сите се многу уморни. Не сме спиеле, изјави неименуваниот претставник.

Во меѓувреме, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија (УКИП), Нејџел Фараж изјави дека 23 јуни ќе биде запаметен во историјата на земјата како „ден на независноста“ и го повика премиерот Камерон да поднесе оставка.

Фараж додаде дека се осудува да сонува оти „зазорува независно Обединето Кралство“.

Според него, британското напушатње на ЕУ е „за доброто на цела Европа“. - Ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат, порача Фараж.

Претседателот на сеирската националиситчка партија Шин Фејн, Деклан Керни пак утрово изјави дека одлуката на вчерашниот референдум, ја лишува британската Влада од надлежноста да ги претставува интересите на жителите на Северна Ирска.

Како што јави ТАСС, тоа, според него, ќе биде повод и за обединување на регионот со соседна Ирска.

Дипломатски извор во Брисел претпладнево соопшти дека лидерите на ЕУ денеска ќе одржат вонредна средба посветена на резултатите од вчерашниот референдум во Велика Британија.



Според истиот извор, средбата ја свикал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и на неа ќе присуствуваат првите луѓе на Европскиот совет и на Европарламентот, Доналд Туск и Мартин Шулц, како и холандскиот премиер Марк Руте, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

- Лидерите на Европската унија ќе се сретнат за да решат што да прават по шокирачката одлука, изјави немименуваниот дипломат, додавајќи дека четворцата високи претставници на Унијата ќе се обидат да ја „усогласат заедничката европска позиција по резултатите од британскиот референдум“.

За подоцна денеска е најавена и вонредна седница на Европската комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...