Јункер: По Брегзит, Германија ќе има главна улога во ЕУ

Берлин, 25 јуни 2016 (МИА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска во интервју за весникот „Билд“ дека Берлин ќе има главна улога во ЕУ по гласањето во корист на Брегзит.

- Германија ќе продолжи да игра централна и дури уште поважна улога во ЕУ, смета Јункер.

Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник ги поканила во Берлин францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, а денеска се одржува средба на министрите за надворешни работи од шесте земји основачи на Унијата, исто така во Берлин.

- ЕУ сигурно не е совршена, но е најдоброто со кое располагаме, за да ги собереме земјите од Европа на една и иста маса, со цел да постигнеме компромис луѓето да живеат во мир. Велика Британија ќе ни недостасува на оваа семејна маса, истакна Јункер.

Тој ги потенцира и одговорноста и противречноста на ставот на британскиот премиер Дејвид Камерон.

- Кога човек од понеделник до сабота ја проколнува Европа, тогаш тешко е в недела да премине во убеден Европеец, нагласи шефот на ЕК, според кого Брисел нема никаква одговорност за резултатите од референдумот, кој е побаран од Камерон, а не од ЕП, ЕК или Европскиот совет.

Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер оцени дека не треба да се носат избрзани одлуки по Брегзит, истакнувајќи дека „е сосема јасно во вакви моменти никој да не биде хистеричен или да се парализира“.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, кој е домаќин на неговите колеги од шесте земји основачи на Европската унија, денеска од Берлин порача дека Унијата е огромен успех во одржување на мирот и стабилноста на континентот, поради што „нема да дозволиме да ни ја одземе Европа“.

На покана на Штајнмаер во главниот град на Германија денеска пристигнаа министрите за надворешни работи на Франција Жан Марк Еро, Берт Коендерс на Холандија, Паоло Џентилони на Италија, Дидие Рејндерс на Белгија и Жан Аселборн на Луксембург, кои заедно со домаќинот разговараат за „актуелните европски политички прашања“, и последиците по ЕУ од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ, јави дописникот на МИА од Берлин.

Главна тема на денешните консултации во Берлин се можните чекори кои треба да ги преземе ЕУ со цел да спречи референдуми слични на британскиот во неколку други земји членки каде националистички партии веќе најавија ваква можност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...