Орбан: Унгарија ќе спроведе референдум за прашањето на мигрантите

Будимпешта, 29 јуни 2016 (МИА)  - Унгарија нема да попушти во својот став кон мигрантската криза и намерата да го спроведе најавениот референдум за квотите за прифаќање на мигранти за да ја промени политиката на Брисел, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На прес-конференција Орбан изјави дека во неговата земја нема иницијативи за истапување од Европската Унија и дека со членството во ЕУ се согласува и опозициската, десничарска партија Јобик, пренесоа британските медиуми.

- Не ни е познат никаков предлог што ќе не наведе на сериозно разгледување на прашањето на унгарското членство во ЕУ, но постојат сериозни барања да не се откажуваме од нашата политика за прашањето на мигрантската криза и тука нема да попуштаме, рече Орбан и додаде дека „двете прашања не треба да се мешаат“.

Унгарскиот премиер изрази надеж дека резултатот од референдумот за квотите за мигрантите ќе влијае врз промената на миграциската политика на официјален Брисел, но призна дека го чека „сериозна борба“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...