Земан се огласи за референдум за членството на Чешка во ЕУ и НАТО

Прага, 1 јули 2016 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан смета дека во Чешка треба да се организира референдум за членството на земјата во Европската унија и НАТО по референдумот во Велика Британија, на кој беше изгласано излегувањето на државата од Унијата. 

Земан, кој напомена дека тој лично ќе гласа за останување на Чешка во двете организации нема надлежност да свикува референдуми. 

Тој сепак е влијателен лидер во една земја, во која мнозинството од избирачите се евроскептични. Чешка стана членка на ЕУ во 2004 година.

- Не се согласувам со оние кои се залагаат за напуштање на ЕУ, рече синоќа Земан на средба со граѓаните од источниот град Велке Межирици.

- Ќе сторам се што е во моја моќ тие да можат да ја изразат својата волја на референдум. Истото се однесува и на прашањето за излез од НАТО, додаде чешкиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...