Oдбележана 100-годишнината од почетокот на битката кај Сома

Париз, 1 јули 2016 (МИА) - Десетици илјади луѓе се собраа денеска во северна Франција, на одбележувањето на 100-годишнината од битката кај Сома, во текот на Првата светска војна.

На одбележувањето на овој значаен датум од британската и француската историја присуствуваа францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер на заминување Дејвид Камерон, како и членовите на британското кралско семејство - престолонаследникот Чарлс и неговата сопруга, како и војводата и војводката од Кембриџ и принцот Хари.

Повеќе од еден милион луге загинаа или беа полесно и потешко ранети во борбата кај Сома, што траеше пет месеци, а историчарите ја означуваат како една од најкрвавите во текот на војната.

Борбата започнала на 1 јули 1916 година, а само во првиот ден од војувањата, загинале 19.200  британски војници, кои во пресметката со гермнанската војска,  успеале да освојат  површина од само три квадратни милји, или помалку од 800 хектари, на фронтовска линија долга 25 километри.

На крајот од петмесечната борба, британските војници успеале да напредуваат само 12 километри, но не  и да ја скршат германската одбрана.

На крајот на петмесечното крваво војување Велика Британија имала 420.000 убиени и повредени, а Франција 200.000 војници. На непријателската страна, кај  Германците биле регистрирани  над 465.000 убиени и ранети војници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...