Мигранти осудени на затворски казни заради нелегален влез во Унгарија

Будимпешта, 1 јули 2016 (МИА) - Суд во Унгарија денеска донесе пресуда со која 10 мигранти се осудени на казни од една до три години затвор, затоа што минатата година нелегално ја минале унгарската граница, откако долж граничната линија со Србија беше поставена бодликава жица, јави Танјуг.

Ова е првата пресуда врз основа на законот усвоен непосредно пред немирите на унгарско-српската граница, во 2015 година, со кој минувањето на границата се третира како „предизвикување неред“, а се казнува со казна од една  до пет години затвор, пренесуваат британските медиуми.

Унгарските обвинители  денеска донесоа пресуди и за двајца Романци. Еден е осуден за „криумчарење луѓе“, додека вториот е осуден за „обид за убиство“" и „суровост“ затоа што, при  криумчарењето на 106 мигранти, пренатрупаниот камион со луѓе го оставил на сонце. Мигрантите на сила ја отвориле вратата од камионот и побегнале.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан зазеде цврст став за прашањето на миграцијата, тврдејќи дека „Европската Унија ризикува да доживее втор вид миграција - кога заморените членки ќе почнат да ја следат Велика Британија, доколку не го сторат истото што го прави  Унгарија“.

Според соопштението на унгарскиот суд, по завршувањето на затворските казни осудените мигранти ќе бидат протерани од Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...