Париз има респект кон британската одлука, но бара брз Брегзит

Париз, 22 јули 2016 (МИА) - Официјален Париз има респект кон одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ и разбирање за потребата од време на новата влада во Лондон да ги почне преговорите за раздружување, но инсистира дека целата работа мора да се спроведе „што е можно побрзо“.

Ваквата француска позиција, претседателот Франсоа Оланд и ја пренел на британскиот премиер Тереза Меј, за време на нивната синоќешна прва официјална средба во Елисејската Палата во Париз.

На разговорите на кои главна тема бил Брегзитот и што и како понатаму, Оланд останал на француската позиција дека Велика Британија не ќе може да има пристап до заедничкиот пазар на ЕУ, без да прифати слобдно движење на работната сила.

- Британија ќе мора да ги прифати европските правила или за земјата ќе се бара сосема друг статус. Тоа е прашање за кое ќе треба да се преговара, рече Оланд на заедничка прес-конференција.

Меј, меѓутоа, суштината на идните британско-европски односи настојува да ги гледа главно низ економските и трговските односи, што е позиција од која не отстапуваат евроскептиците во Лондон и оние кои ја водеа кампањата за напуштање на ЕУ.

Франција повеќепати досега порача дека европската идеја и европското интегрирање не може да се сведат само на трговијата.

Ваквите разлики во позициите навестуваат тешки преговори околу истапувањето на Велика Британија од ЕУ, во кои главниот проблем ќе биде слободното движење на луѓето и работната сила.

За ЕУ тоа е основата врз која се темели процесот на европската интеграција, а за Велика Британија тоа е причината поради која беше отворен процесот за преиспитување на односите меѓу Брисел и Лондон, што заврши со референдумот од 23 јуни.

- Исходот на рефрендумот покажа дека треба да има извесна контрола врз движењето на луѓето од земјите членки во ЕУ, во Велика Британија, рече Меј во Париз, практично повторувајќи ја позицијата што за ова ја имаше нејзиниот претходник Дејвид Камерон, за што тој во јануари и февруари разговараше со европските лидери.

Париз и Лондон, сепак, се согласуваат да остане во сила договорот од Ле Туке од 2003 година, со кој контролата на патниците за Велика Британија се прави на француска територија, додека за патниците кон Франција контролата е на британската почва во Довер или во Лондон, доколку се патува со возовите „Евростар“.

Франција и Велика Британија минатата година остварија трговска размена од 50 милијарди евра. Француските компании вработуваат над 360 илјади британски работници, додека Велика Британија е четвртиот инвеститор во Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...