Најмалку осуммина загинати во нападот во Минхен

- Најмалку осум луѓе загинаа во вооружениот напад извршен доцна попладнево во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, јави Дојче Веле повикувајќи се на извори во германската полицијата.

Според полицијата, бројот на ранетите при нападот засега не е точно утврден.

Претставникот на Клиничкиот центар во Минхен, Петер Биберталер за телевизијата РТЛ изјави дека во нивната и во други болници во градот се примени поголем број ранети лица, меѓу кои има и деца.

Како што јави ДПА, во Минхен во тек е масовна операција на полицијата во потрага по тројца осомничени напаѓачи вооружени со автоматско оружје, за кои се претпоставува дека го извршиле нападот во трговскиот центар „Олимпија“.

Дојче веле, меѓутоа, повикувајќи се на полициски извори јави дека се претпоставува оти во нападот учествувале „најмногу три лица“, но дека не е исклучено да станува збор само за еден напаѓач.

Германскиот весник „Билд“ објави дека еден напаѓач се самоубил пукајќи си во главата, но полицијата засега не ја потврди ваквата информација.

Во градот е прогласена „специјална состојба“ заради нападот, а целата област околу трговскиот центар е блокирана. Сообраќајот во градот е целосно запрен - не сообраќаат метрото, трамваите, ниту автобусите, а евакуирана е и централната железничка станица во Минехен.

Полицијата засега одбива да го квалификува нападот како „дело на исламски терористи“ и апелира да граѓаните да останат во своите домови и ги избегнуваат јавните места.

Претставник на полицијата исто така апелираше до граѓаните на социјалните мрежи да не објавуваат фотографии и видеа од полициската акција и движењето на полицајците, како ни шпекулации во врска со случувањата во Минхен.

- Тоа ќе ни ја олесни работата, порача полицијата.

Полицијата побара од учесниците во сообраќајот да ги избегнуваат автопатишта кои водат кон Минхен, за да им се овозможи на возилата за итна медицинска помош да имаат лесен пристап во зоната.

Минхенската полиција отвори и специјален број на кој граѓаните ќе можат да добијат информации за исчезнати лица, кои во време на нападот биле во реонот околу трговскиот центар.

Баварската телевизија Бе Ер јави дека кон Минхен со хеликоптери се упатиле припадници на германската погранична полиција. Во исто време сите расположливи медицински екипи од Баварија се во приправна состојба да заминат кон Минхен.

Нападот почнал во 17:52 минути во ресторан за брза храна во трговскиот центар „Олимпија“, кој се наоѓа во северниот дел на Минхен.

Германската Влада вечерва заседава на вонредна седница во врска со нападот во трговскиот центар во Минхен, при кој според последните полициски информации загинаа најмалку шест лица.

Како што јави ДПА, на седницата досега не пристигнала германската канцеларка Ангела Меркел, како ни министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, кој попладнево заминал на одмор во САД, но според извори во Министерството тој го прекинал одморот и се враќа во Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...