Сириецoт, кој се саморазнесе во Ансбах, добил два налози за депортација

Берлин, 25 јули 2016 (МИА) - Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Сириецот, кој вчера се саморазнесе во градот Ансбах во јужна Германија, и притоа повреди 12 лица, имал добиено две решенија за депортирање, од кои најновото на 13 јули.

Според портпаролот на Министерството, Тобијас Плате, 27-годишниот Сириец на 13 јули бил предупреден дека ќе биде депортиран во Бугарија. Првото решение за депортирање му било дадено на 22 декември 2014 година.

Плате појасни дека мажот требало да биде депортиран во Бугарија, бидејќи во оваа земја го поднел првото барање за азил.

Како што јави ДПА, во меѓу време тројца од 12-те повредени во синоќашниот напад се отпуштени од болница.

Од деветмина повредени, кои остануваат на лекување, ниту еден нема повреди опасни по животот, иако некои добиле траен инвалидитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...