Австриската полиција разби мрежа за превоз на мигранти Виена, 25 јули 2016 (МИА) - Вкупно 17 лица се приведени во различни земји под сомнение дека им помогнале на околу 1.000 мигранти да стигнат од Унгарија до Германија.
Се смета дека криминалната група транспортирала бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак и Иран во мали групи, кои ги распределувале во автомобили.
Тие плаќале по 700 евра за да преминат од Унгарија преку Австрија до Германија, и 2.400 евра за патување до Франција, соопшти австриската полиција.
Апсењата се извршени во Австрија, Унгарија и Словачка, јави ТАСС.
|