Европол: Во земјите од ЕУ има стотици потенцијални терористи

Берлин, 26 јули 2016 (МИА) - Европската полициска агенција (Европол) смета дека во Европа има неколку стотици потенцијални терористи, пишува денеска германскиот весник „Ноје оснабрукер цајтунг“.

Станува збор за исламисти од ЕУ, кои војувале во Сирија и Ирак на страната на Исламска држава (ИД) и сега се вратиле во Европа.

Европол оценува дека постојат околу пет илјади т.н. „странски борци“. Речиси една третина од нив, околу 1.500-1.800, се вратиле во земјите од Унијата.

- Голем број од нив немаат ниту намера, ниту можност да извршат терористички напади. Сепак има стотици потенцијални терористи кои претставуваат закана за безбедноста во Европа, наведува Европол, додавајќи дека ќе им помогне на националните безбедносни органи да ги набљудуваат сомнителните лица.

- Засега нема конкретни податоци дека ИД системски ги користи миграциските бранови за да внесува свои борци во Европа, истакнал претставник на Европол за германскиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...