Ердоган и Путин разговараа за операцијата „Еуфратски штит“ во северна Сирија

Анкара, 26 август 2016 (МИА) - Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин денеска имаа телефонски разговор на тема операцијата „Еуфратски штит" во северна Сирија, како и заедничката борба против тероризмот, пренесе турската телевизија НТВ.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека разговорот се одржал по иницијатива на турската страна, информира ТАСС.

Ердоган и Путин разговарале и ситуацијата во Сирија, при што го истакнале значењето на заедничките напори во борбата против тероризмот, вклучувајќи и против „Исламска држава" (ИД), посочи прес-службата на Кремљ.

Во соопштението од канцеларијата на Ердоган е наведено дека двајцата лидери се согласиле да ги зголемат напорите за испорака на помош во Алепо, Сирија.

Ердоган и Путин договориле билатерална средба за време на самитот на Г-20 во Кина во почетокот на септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...