Седумнаесет лица загинаа во пожар во Москва

Седумнаесет лица загинаа утрово во пожар во магацин на печатница во североисточниот дел на Москва, јави ТАСС.

Пред да се разгори пламенот, во зградата имало 30 државјани на Киргистан, кои работат таму легално, соопшти претставник на полицијата. Дванаесет од нив биле спасени и според нивните сведочења, внатре останале уште најмалку десет лица.



Пожарникарите успеале да дојдат до просторија, опколена од огнот, каде ги пронашле телата на шеснаесет лица, задушени од отровните испарувања.

Четвори лица се хоспитализирани, од кои една жена подоцна починала.

Печатницата и магацинот припаѓаат на компанијата „Печатниј експрес", која освен издавачки врши и дизајнерски услуги.

Пожарот беше изгасен во 9,53 часот, по локално време, изјави извор од руското Министерство за вонредни ситуации за руската државна телевизија, пренесува БТА.

Дефект на тело за осветлување е причината за пожарот во магацинот, соопшти началникот на главната управа при Министерството за вонредни ситуации во Москва Иља Денисов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...