Турција ќе дозволи посета на Инџирлик, ако Берлин се дистанцира од Резолуцијата за геноцидот над Ерменците

Анкара, 29 август 2016 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  денеска изјави дека одлуката на Анкара за дозвола на германските пратеници да ја посетат воздухопловната база Инџирлик, каде се стационирани германски војници, зависи од тоа дали Владата во Берлин ќе се дистанцира од Резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците во 1915 година се оквалификувани како геноцид.

Откако германската Влада во јуни ја усвои таа резолуција, Турција забрани на германски пратеници да ја посетата базата Инџирлик, која се наоѓа во близина на границата со Сирија.

Чавошоглу, на прес-конференција во Анкара рече дека посетата ќе биде овозможена, „доколку Германија ги преземе неопходните чекори“.

- Но, за жал, морам да кажам, дека на оние кои се мешаат во нашата историја и манипулираат со неа на нечесен начин, не може да им се дозволи посета, изјави Чавушоглу.

Претходно денеска, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, кој се врати од посета на Анка, изјави дека двете земји оствариле напредок во решавањето на проблемот околу посетата на Инџирлик.

Пред два дена и германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Берлин води преговори со Анкара за да се овозможи пратеници од Бундестагот да можат да ги посетат 250 војници во турската воздухопловната база Инџирлик, кои таму се наоѓаат како поддршка на борбата против Исламска држава , водена од коалицијата, предводена од САД.

Германското Министерството за одбрана претходно соопшти дека сакаат нивната војска и натаму да ја користи базата Инџирлик, но дека сепак бараат и алтернативни решенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...