Меркел ја губи поддршката за канцелар од сестринската партија ЦСУ

Берлин, 08 септември 2016 (МИА) - Влијателни членови на баварската Христијанско - Социјална Унија која што е сестринска партија на Христијанско - Демократската Унија на Ангела Меркел бараат партиска анкета за да ја спречат четвртата кандидатура на канцеларката за нов мандат во 2017 година.

Според весникот „Билд“ голем дел од канцелариите на ЦСУ во Баварија инсистираат партијата да ја откаже поддршката за нов мандат за Меркел поради нејзината политика на отворени врати за бегалцие.

Акцијата против Меркел ја води претседателот на подмладокот на ЦСУ, Ханс Рајнхарт но поддршка за кампањата има и од други влијателни членови на партијата која што функционира само во покраината Баварија додека на ниво на Германија практично е една партија со ЦДУ.

Меркел сеуште не ја објавила својата кандидатура иако според нејзините јавни настапи очигледно е дека и покрај значителниот пад на поддршката во јавноста според анкетите таа планира да се кандидира за уште еден мандат, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според „Билд“ канцеларката сеуште не добила покана за годишната конференција на ЦСУ закажана за 4 ноември во Минхен со што според весникот , се потврдуваат информациите за конфликтот меѓу ЦДУ и ЦСУ. Весникот во текстот пренесува и изјава на лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер кој наводно не сакал да се повтори „театарот од минатата година“ кога на партиска конвенција Меркел доби аплауз во траење од 13 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...