Во Франција уапсени две тинејџерки поради поврзаност со ИД

Париз, 25 септември 2016 (МИА) - Француската полиција уапси две девојки во Ница со средината на месецот под сомнение дека се поврзани со припадникот на Исламска држава, Рачид Кашим, соопшти денеска Канцеларијата на париското обвинителство.

Девојките на возраст од 17 и 19 години користеле шифрирани пораки преку апликацијата Телеграм за комуникација со Кашим, кој се сомничи за учество во повеќе напади или обиди за напади во Франција.

- Девојките се поттикнувани за извршување на напади на одредени цели во знак на одмазда поради убиството на портпаролот на ИД, Абу Мухамед ал Аднан, потврди извор близок до истрагата.

Девојките признале дека размислувале да учествуваат во напад пред да ја отфрлат идејата.

Француската разузнавачка служба на почетокот од септември уапси уште најмалку четири тинејџери осомничени за планирање на убиства во име на ИД. Сите осомничени тинејџери ја користеле Телеграм апликацијата за допишување со Кашим, кој според полициски информации, во моментот се наоѓа на подрачјето меѓу Сирија и Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...