Благајникот на Ватикан осомничен за педофилија

Сиднеј, 26 октомври 2016 (МИА) - Благајникот на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел беше сослушан од страна на претставници на австрлиската полиција во Рим, во врска со обвиненето за педофилија, кое беше покренато против него, кое тој категорично го отфрла. 

- Полицијата во јули започна истрага за Пел. Тројца полицајци минатата недела допатуваа во Рим, за да извршат распит во врска со обвиненето за сексуално злосторство, се вели во соопштението на полицијата на австралиската сојузна држава Викторија. 

Истрагата за свештеникот, која се уште трае, е покрената поради обвиненијата од двајца мажи на 40-годишна возраст, кои тврдат дека биле злоставувани од кардиналот во текот на летото 1978-1979 година во базен во Баларат, местото каде работел и пораснал Пел. 

Кардиналот, кој во 2014 година е назначен за благајник на Ватикан, за да стави ред во управувањето и финансиите, категорично ги отфрла обвиненијата и тврди дека е жртва на заговор против него.

Пред неколку месеци Пол сведочеше преку видео-конференција од Рим пред австралиската истражна комисија. 

Тој се интересираше како австралиската црква реагирала на обвиненијата за педофилија на свештеници, кои датираат во поголемиот дел од 70-тите години на минатиот век. 

Пел одрекува дека знаел за случаите на педофилија, но призна дека во Црквата имало периоди во кои се вршеле престапи и нивно прикривање. 

На почетокот на август папата Франциско изјави дека има сомнежи, односно обвиненија против Пел. 

Тогаш тој истакна дека треба да се почекаат резултатите од истрагата и да се избегне каков и да било „медиумски процес“ против кардиналот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...