Петир: Институциите на ЕУ не смеат да превземат политичката контрола над земјите членки

Брисел, 16 октомври 2016 (МИА) - Хрватската пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Маријана Петир, на пленарната седница во Стразбур побара институциите на Европската унија „да не помислуваат да превземат политичката контрола над земјите членки на Унијата“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците дискутираа и гласаа за препораките на Европската комисија за воспоставување на механизмот на ЕУ за демократија, владеење на правото и основните права.

И покрај фактот дека Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европарламентот претходно усвои амандмани на извештајот, со кои се бара бришење на референците на изјавите од Комисијата за ситуацијата во Унгарија и Полска, европратеничката Петир на седницата гласаше против извештајот.

- Целта на овој извештај и натаму остана непроменета. Намерата на институциите на ЕУ да ја преземат политичката контрола над земјите членки и да ги принудат да го прифатат концептот на демократијата и човековите права на начин на кој ги дефинираат институциите на ЕУ и ги толкува Судот на правдата на Европската унија, за мене е неприфатливо, бидејќи тоа е во надлежност на земјите членки и на националните судови, беше децидна хрватската политичарка.

Петир, која е претседател на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскито парламент, во дискусијата на пленарната седница ги предупреди европратениците дека предложениот механизам од страна на известувачот на ЕУ, Софија Т’Велд, со кој се предлага и правна основа за законодавни мерки, вклучувајќи и санкции против земјите членки, не е во согласност со основните договори на Унијата, ниту со принципите на Европската повелбата за човекови права. 

Во извештајот на Европската унија, според Маријана Петир, се наведени голем број на препораки, меѓу другото, за да им се овозможи на националните судови да поднесат тужби до Судот на Европската унија во врска со законитоста на активностите на земјите членки.

Слична можност, според неа, треба да им се даде и на известувачите и на физичките и правните лица што директно и поединечно се под изложени на активнсоти со кои се крши Повелбата за основните права од страна на институциите на ЕУ и земјите членки.

Во овој извештај се повикува на ревизија на членот 7 од јадрото на договорите на ЕУ, кој предвидува против земјите членки да се применуваат релевантни казни, на пример, финансиски санкции или укинување на финансиските средства од Унијата за нив.

Со овој предложен механизам, Судот на Европската унија, чија единствена улога на примена и толкување на правото на ЕУ, на некој начин се предвидува да стане највисокото судско тело и неговите овластувања да бидат значително проширени и да толкува закони надвор од јурисдикцијата на ЕУ.

- Таквите механизми го доведуваат во прашање принципот на супсидијарност и овластувања на Унијата, а со тоа се доведува во прашање интегритетот на правниот поредок на европските институции. Одредбите од Законот за правата се однесуваат на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата, истовремено почитувајќи го принципот на супсидијарност и на земјите членки, само при спроведување на правото на ЕУ. Механизмот предложен во овој извештај не е прифатлив, бидејќи не е во согласност со договорите на ЕУ и Повелбата за човекови права и јасно укажува на можноста за продолжување на примената на правото на ЕУ и надвор од овластувањата на Унијата и го нарушува принципот на супсидијарност на суверени држави членки, заклучи Маријана Петир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...