|
|
НАТО го зацврстува присуството во Средоземно и Егејско МореБрисел, 27 октомври 2016 (МИА) - Министрите за одбрана на НАТО одлучија операцијата на Алијансата во Егејското Море да продолжи, а за две недели да започне нова операција во централниот дел на Средоземно Море, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по завршувањето на дводневната министерска средба во Брисел.
Според него, операцијата во Егејското Море, која е насочена кон незаконското минување на мигранти во Европа, ја докажала својата политичка и практична корист.
Новата операција во Средоземното Море ќе го носи името „Морска стража“. Таа ќе биде преземена како поддршка на военоморската операција на ЕУ - „Софија“. Столтенберг нагласи дека Турција и Грција веќе изразиле подготвеност да испратат свои бродови за операцијата, а обезбедени се и разузнавачки авиони од сојузниците.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|