Словенија ја презеде зградата на Амбасадата во Работ

Љубљана, 28 октомври 2016 (МИА) - Словенија, како една од шесте земји наследнички на поранешната СФРЈ, ја презеде зградата на Амбасадата во мароканскиот град Рабат, која и припаѓа со договорот за сукцесија.

Објектот вчера беше формално предаден на Министерството за надворешни работи на Словенија, а го презеде државниот секретар во тој ресор Станислав Видович од амбасадорката на Србија во Мароко Слаѓана Прице, соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија.

Официјална Љубљана зградата на амбасадата ја доби согласно договорот за поделба на дипломатскиот имот, кој го потпишаа државите наследнички на СФРЈ, пренесува СТА.

Претходно годинава, согласно договорот, Словенија веќе презеде две згради во Бразил, односно во Бразилија и во Сао Паоло. На Словенија и припаднаа и објектите во Танзанија и Мали.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...