Етингер: Европа мора да му даде шанса на Трамп

Берлин, 10 ноември 2016 (МИА) - На новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, Европа мора да му даде шанса да го продолжи трансатлантското партнерство, изјави денеска еврокомесарот Гинтер Етингер, оценувајќи дека првите пораки на Трамп по прогласувањето на изборната победа беа мудри, јавија британските медиуми.

- Секако дека сме разочарани и изненадени од исходот, но тоа мораме да го прифатиме, рече Етингер за германското  радио „Дојчландфунк“.

Еврокомесарот истакна дека на Трамп и неговата екипа, за која, како што кажа, се надева дека е професионална, Европа мора да му даде шанса да го продолжи трансатлантското партнерство темелено на заеднички вредности.

Етингер оцени дека американската предизборна кампања ја карактеризирала огнена реторика, недостаток на почитување и лаги.

-Сега мораме да видиме дали ќе има нов почеток, а барем првите пораки на Трамп беа мудри, заклучи тој.

На изборите од 8 ноември Трамп беше избран за 45. американски претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...