„Шеријатската полиција“ ќе продолжи со активности во Германија

Берлин, 22 ноември 2016 (МИА) - Групата која се нарекува „Шеријатска полиција“ чија активност вчера беше дозволена од страна на судот во градот Вупертал, легално ќе продолжи да функционира во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Групата предводена од конвертитот од христијанство во ислам Свен Лау од јавното обвинителство беше обвинета дека во 2014 година формирала „Шеријатска полиција“ која вовела улични патроли во Вупертал но истрагата не го убеди судот дека се прекршени гермаснките правни норми.

Членовите на патролите кои што носеле портокалови елечиња на кои пишувало „Шеријатска полиција“ оделе по улиците на Вупертал и ги убедувале граѓаните да запрат со пиење алкохол, со коцкање и со слушање музика.

Според судот, законот не е прекршен затоа што облеката која што ја носеле членовите на ултраконзервативната груп не ги прекршила правилата за носење политичка униформи. Според судот оваа забрана е била прекршена само доколку облеката била воинствена или заканувачка. Германските закони не се прекршени ниту со ознаката „Шеријатска полиција“ на елеците.

Лидерот на групата Лау во моментов во паралелен процес се соочува со затворска казна поради поддршка на терористичка група која што се бори во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...