Сега е клучно какви ќе бидат нашите нови односи со ЕУ

Манама, 6 декември 2016 (МИА) - Британскиот премиер Тереза Меј изјави денеска дека клучното прашање околу преговорите за Брегзит, не е како и што ќе може да се добие, туку какви ќе бидат „новите односи на Британија“ со ЕУ, а тоа не се однесува само на прашањето на единствениот пазар.

Меј, која се наоѓа во работна посета на Бахреин, на средбата со британските новинари, одбила да ги коментира изјавите на двацата британски министри, кои секој за себе, открија дека Британија ќе продолжи со уплаќањата во буџетот на ЕУ и по излегувањето од Унијата.

Министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, како и шефот на Форин Офист Борис Џонсон зборуваа за таквата перспектива, како можност да се остане на единственит пазар на ЕУ.

Џонсон во едно интервју, само забележал дека тие уплаќања во европскиот буџет, сега, „нема да бидат големи износи„ (какви што се сега), туку дека станува збор за „разумни„ бројки.

Ваквите изјави на двајцата министри, кои беа предводници на кампањата за Брегзит, е првото јавно изјаснување дека владата се определува за мек Брегзит и за останување на единствениот пазар.

Според правилата на ЕУ, една земја, која е надвор од Унијата, може да има слободен пристап до единствениот пазар, на кои ги пласира без никаква царинска тарифа своите производи и услуги, внесувајќи определен износ средства во буџетот на ЕУ, но и прифакајки ги правилата за слободно движење на работната сила и на државјаните на Унијата.

Дејвис и Џонсон се немаат изјаснето околу мигрантите од ЕУ, кога зборуваа за уплаќањата во буџетот на ЕУ, а премиерот Меј , во главниот бахреински град, Манама, одби да зборува за откритијата, кои ја збунија британската политичка јавност.

- Целта на преговорите со ЕУ е да се обезбедат најдобрите можни услови за Британија- рекла Меј, додавајќи дека таа е амбицирана да го постигне сето тоа.

Реакцијата на Меј доаѓа во време, кога во Врхвниот суд во Лондон , од понеделникот е отворена постапката по жалбата на владата, на одлуката на Вишиот суд кој наложи Парламентот да биде задолжително консултиран во процесот за Брегзит.

Тереза Меј и нејзините антиевропски министри инсистираат дека Парламентот и пратениците не треба „да се мешаат„ во оваа работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...