Маасен: Германија нема да толерира шпионирање од страна на Турција

Берлин, 20 јануари 2017 (МИА) - Германија нема да толерира турски разузнавачки операции на своја тероторија, изјави началникот на германската служба за внатрешно разузнавање, Ханс Георг Маасен, откако германскиот Главен обвинител почна истрага за можна шпионажа од страна на турски верски лидери, пренесоа британските медиуми.
Масен, шеф на Федералната служба за заштита на Уставот (германско внатрешно разузнаване) во Берлин изјави дека е многу загрижен од развојот на настаните во Турција во последно време, како и од „операциите за влијание“ врз турското малцинство во Германија или Германците кои потекнуваат од иселениците од Турција.
-Не можеме да прифатиме разузнавачки агенции да дејствуваат во Германија против германските интереси, и затоа протестираме, рече Маасен во Берлин.
Истрагата почна неделава, откако во декември жалба поднесе германскиот пратеник Фолкер Бек. Жалбата се темели на информации дека турски имами во Германија биле инструирани да доставуваат информации за следбениците на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој од Анкара е обвинет за обидот за преврат во земјата во јули минатата година.
Случајот се заканува уште повеќе да ги засили тензиите во и онака затегнатите односи меѓу двата сојузника од НАТО, забележуваат британските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...