Јансен: Трамп ќе му го остави Балканот на Путин

Берлин, 20 јануари 2017 (МИА) - Новиот американски претседател Доналд Трамп нема да пројавува особен интерес кон Западен Балкан, а можно е и целосно повлекување на американските војници од овој регион, изјави за „Дојче Веле" германскиот политиколог и историчар Зибо Јансен.
Прашан дали може да се случи Трамп да му го препушти Западен Балкан на Путин, аналитичарот прогнозира дека Трамп целосно ќе се тргне од тие теми.
- Тој ќе рече дека тоа е европско прашање, а бидејќи Европејците не се единствени (на пример, државата Косово не е призната од сите членки на ЕУ), според моето мнение, во иднина Русија таму фактички ќе има голема улога и силно влијание, вели Јансен.
Германскиот експерт натаму оценува дека стравот на Приштина од поделба на Косово е оправдан.
- Претседателот на Србија индиректно им се закани со војна. Косовското раководство, за волја на вистината, исто така реагира воинствено, додава Јансен, посочувајќи дека косовските Албанци го сакаат Косово неделиво и цело, а Србите не сакаат да го признаат како независна држава и целат кон тоа да вратат барем дел од таа територија, поточно северниот дел.
- Доколку САД се оттргнат од овој проблем, опасноста од конфликт би била многу реална, нагласува аналитичарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...