Оланд до Трамп: Не ги укинувајте санкциите против Русија

Париз, 29 јануари 2017 (МИА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд при телефонскиот разговор со претседателот на САД Доналд Трамп наведе дека санкциите против Русија можат да бидат укинати дури кога ќе биде исполнет Минскиот договор за украинската криза.

Во соопштението од Елисејската палата стои дека Оланд му кажал на Трамп оти „не може да има одржливо ниту кредибилно решение во Сирија без ОН“, како и дека НАТО е „неопходна“.

Оланд му порачал на Трамп и дека „Европската унија треба да биде зајакната во сите сфери, вклучително и во одбраната“.

Наведено е дека францускиот претседател ја нагласил и „важноста на Парискиот договор за климатските промени“.

Тој го предупредил Трамп на „внимателност“ во врска со Иран, со порака дека нуклеарниот договор со таа земја „треба да се почитува“.

Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека Оланд побарал од Трамп да го „почитува принципот за прифаќање на бегалците“, по указот што вчера го потпиша американскиот претседател.

Оланд на Трамп му ги нагласил и „економските и политичките последици од протекционистичкиот пристап“ што новиот претседател на САД го најави и почна да го применува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...