Пакетот со експлозив за Шојбле бил испратен од Грција

Атина, 16 март 2017 (МИА) - Пакетот со експлозив, што по пошта пристигнал во германското Министерство за финансии, во Берлин, на адреса на министерот Волфганг Шојбле, бил испратен од грчката престолнина Атина, пренесоа француските медиуми, цитирајќи анонимен грчката политички извор.
Изворот додава дека германските и грчките власти соработуваат во истрагата за случајот.
Германскиот весник „Билд“, цитиран од ТАСС; вчера напиша дека за испраќач на сомнителниот пакет бил наведен грчкиот пратеник Спиридон-Адонис Георгиадис.
- Очигледно дека терорист или терористи го искористиле моето име, бидејќи во Грција јас важам за пријател на Германија и на господинот Шојбле, наведе Георгиадис.
Претходно беше соопштено, дека поради сомнителниот пакет евакуирани се неколку простории од зградата на Министерството во Берлин.
Беа повикани експерти за експлозиви, кои го уништија со контролирана експлозија.
Според податоци на берлинската полиција, експлозивиот во пакетот бил со ниска моќност, сличен на оние што се употребуваат во огнометите.
Тој, сепак, можел да предизвика бројни поврдеи, доколку бомбата експлодираше при отворање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...