Владата во Берлин запре со испорака на оружје за Турција

Берлин, 22 март 2017 (МИА) - Германската влада блокирала 11 испораки на оружје за Турција, којашто е активно инволвирана во судир во Курдската работничка партија (ПКК) и Исламската држава во Ирак и Сирија, јавуваат германските медиуми, според кои блокадата на оружјето се должи на вжештените односи меѓу Берлин и Анкара.
Блокадата на пратките на оружје за турската армија, која е главен партнер на НАТО во битката со исламскиот тероризам на блискиот исток започнала во јануари, се вели во документ на Министерството за економија објавен од германската новинска агенција ДПА.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, официјално причината за блокадата на пратките со оружје кои содржат рачно вооружување, муниција и суровини за производство на муниција е загриженоста за спроведување на човековите права во Турција, се вели во одговорот на министерството за економија на прашањето од пратеникот на „Левицата“ во Бундестагот Јан Ван Акен.
Според министерсвото одлуката за блокада на пратките на оружје во Турција е спроведена поради страв дека тоа би можело да се користи „во контекст на внатрешна репресија или во курдскиот конфликт“. Турција повеќе од 4 децении е во конфликт со ПКК која што е прогласена за терористичка група во Германија, ЕУ, НАТО и САД.
Според Акен, блокадата на оружје за земја партнер во рамки на НАТО иако е преседан е добредојдена а тој во име на неговата партија во изјава за весникот „Зуд дојче цајт“ се залага за целосна забрана на испорака на германско оружје на Анкара.
По конфликтот меѓу Турција и неколку членки на НАТО поради забраната турските министри да одржат митинзи во врска со референдумот за поголеми уставни овластувања за претседателот Ердоган, Турција суспендираше неколку заеднички операции во кои е инволирана Австрија како членка на групата „Партнерство за мир“ а однесувањето на Германија и Холандија го спореди со политиките на нацистичките власти од времето на Хитлер.
Поради сериозноста на конфликтот меѓу Анкара и членки на НАТО пред десетина дена реагираше и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг кој побара брзо надминување на билатералните спорови меѓу земјите членки што сепак не спречи одложување на неколку операции во Турција кои што требаше да започнат на 17 март .
Претходно Турција во неколку наврати ја обвини Германија дека дава прибежиште на припадници на забранетата ПКК и крајно левичарската Народна Ослободителна партија (ДХКП - Ц) кои во последниве неколку децении убиле над 1200 турски полицајци и војници во конфликтните региони во Турција. Владата во Берлин негираше дека на кој било начин ги толерира терористичките групи на своја територија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...