Принцезата Ана против својот брат Чарлс за генетски модифицираната храна

Лондон, 22 март 2017 (МИА) - Британската принцеза Ана, единствената сестра на престолонаследникит Чарлс, јавно се спротивстави на силното залагање на својот брат за целосна забрана на генетски модифицираните житарки и храна.
Во интервју за Би-Би-Си, принцезата изјави дека генетски модифицираните растенија „имаат голем придонес за производството на храна“.
Принцот Чарлс кој како голем поборник за заштитата на човековата околина, долго време води кампања против земјоделските семиња од кои се добива генетски модифицирано производство.
Повеќепати досега престолонаследникот предупредувал , во Британија и на разни форуми низ светот, дека доколку дојде до масовно користење на ваквите семиња, планетата Земја би се соочила со „најголемата еколошка катастрофа“.
Неговата сестра, меѓутоа, во телевизиското интервју рекла дека таа, на својата фарма, би одгледувала растенија добиени со генетски модификации.
Според лондонските медиуми, ова е првпат, сестрата и братот, или кој било член од потесното кралско семејство, јавно, да ги спротивставуваат своите погледи.
Чарлс и Ана се првите две, од вкупно четирите деца на британската кралица Елизабета. Другите двајца, се синовите Ендрју и Едвард.
Принцезата Ана, иако е ангажирана во британскиот Олимписки комитет, ретко се појавува со реакции во јавноста, а уште помалку дава телевизиски интервјуа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...