Муижниекс: ЕУ мора да ја промени политиката кон бегалците

Љубљана, 23 март 2017 (МИА) - Европската политика кон бегалците е неодржлива и Европската Унија би требало брзо да ја промени, изјави комесарот за човекови права на Советот на Европе, Нилс Муижниекс.
Тој смета дека земјите членки на ЕУ треба да ги имаат предвид и семејните врски кога ги преместуваат барателите на азил и да го прилагодат системот за помошта која им се пружа.
Даблински прописи дозволуваат членките на ЕУ да ги вратат бегалците во првата безбедна земја во која влегле, а тоа се најчесто се Грција или Италија.
- Системот е неправеден кон земјите што се први на удар, посебно Грција и Италија. На нивниот грб се става се понеиздржлив товар и мислам дека тоа нема да може да функционира долгорочно, изјави Муижниекс пред новинарите при својата посета на Словенија.
Тој нагласи дека повеќето бегалци бараат азил во Германија или Шведска оти таму тие можат да добијат поголема помош и финансиска поддршка отколку во повеќето други држави од ЕУ.
- Потребно е да се прилагодат стандардите ширум Европа, заради интеграцијата на тие лица, рече Муижниекс.
Комесарот натаму укажа и дека Словенија би требало да направи повеќе, за мигрантите, но и припадниците на ромската етничка заедница и сите луѓе кои живеат во сиромаштија, со цел да се интегрираат во општеството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...