Турското разузнавање ги шпионира Турците во Германија означени како „гуленисти“

Минхен,28 март 2017 (МИА) - Турската разузнавачка агенција МИТ шпионира „стотици луге од турско потекло“ кои живеат во Германија, осомничени дека се дел од движењето Гулен кое се означува како противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, објави германскиот весник „Зидојче Цајтунг“.
Шпионирањето било откриено откако шефот на МИТ, Хакан Фидан, за време минхенската конференција за безбедност, во февруари годинава, му предал на директорот на германското контраразузнавање Бруно Кал, список на 300 лица и на 200 организации означени како „сомнителни“.
Списокот содржел адреси и телефонски броеви, но и снимки од следење и надгледување на некои лица и локации.
Целта на турската МИТ била да се побара и да се добие согласност за соработка на германските агенции во операцијата против изначените во спискот.
Наместо тоа, уследила остра реагиција на германските безбедносни служби за недозволеното однесување на турското разузнавање на територијата на Германија, против лица од кои најголемиот број се германски државјани.
Веднаш потоа, германските власти ги известиле сите од списокот со предупредување, да не патуваат во Турција и да не ги посетуваат турските дипломатски и други претставништва во Германија.
„Не мислам дека некој воопшто верува оти движењето Гулен го планирало пучот од германска територија, особено што досега никој во ниедна странска земја не еосомничен за тоа„- рекол за весникот Ханс Георг Масен, шефот на разузнавачките служби на Германија.
Односите меѓу Берлин и Анкара се значително влошени по решението на германските власти да не се дозволат митинзи на турски политичари за референдумот од 16 април, на територијата на Германија.
Околу 1,4 милиони Турци во Германија имаат право на глас за референдумот, што треба да му овозможи на претседателот Реџеп Таип Ердоган, да ги зголеми своите овластувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...